Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Ќе ја тужиме Бугарија ако не ја укинат таксата за гас, поради тоа кај нас струјата и греењето ќе поскапи за 20%
Македонија

Ковачевски: Ќе ја тужиме Бугарија ако не ја укинат таксата за гас, поради тоа кај нас струјата и греењето ќе поскапи за 20%

01/11/2023

AA

За 20% ќе поскапи струјата и греењето во Северна Македонија, поради таксата воведена од страна на Бугарија за руски гас.

„Затоа побаравме да се ослободи капацитет за да може Северна Македонија да набавува гас од други извори, што нема да биде руски и со тоа нема да биде оптоварен со оваа дополнителна такса. Во моментот се водат разговори и на ниво на Европската Унија и со Бугарија со соодветното министерство за да може ова да биде направено. Минатата година успеавме заедно со Европската комисија и Бугарија да ослободиме капацитет за набавка на гас што не е исклучиво во сопственост на „Газпром“ и се надевам дека и годинава ќе успееме да го направиме тоа“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Ваквиот став го пренел лично во понеделникот и на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Претходно, министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека нема да прифати никаква уцена од никоја држава во делот на снабдување и загрозување на енергетската безбедност на државата, во врска со потегот на Бугарија да воведе такса за транспорт на руски гас низ бугарски гасовод.

Бугарија, во случајот на Македонија, го има дадено целиот капацитет на гасоводот под закуп на „Газпром“ до 2030 година. А тоа е единствен начин од кој Северна Македонија се снабдува со гас. Доколку не се ослободат капацитетитe, Министерот за економија рече дека Македонија ќе бара отштета од Бугарија и дополнителна поддршка од Европската Унија за воведувањето на таксата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Uncategorized

Излезните анкети во Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата се обидува

28/10/2026
Македонија

825 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ШЕСТ ЧАСА Полицијата фати стотици возачи

27/10/2026
Македонија

НАУТРО ДО МИНУС ДВА, А ПРЕКУ ДЕН ДО 18 СТЕПЕНИ

27/10/2026
Македонија

📽️ ВНИМАТЕЛНО ЗАД ВОЛАНОТ, СНЕГ ВЕЕ НА СТРАЖА И Попова

27/10/2026
Македонија

„СДСМ ПРОПАЃА, А ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВА ЗА СРБИЈА“ Милошоски го прозва

27/10/2026
Македонија

НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Владата најавува национален

27/10/2026
Македонија

СДСМ Е ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СРПСКИОТ, РУСКИОТ И НА КИНЕСКИОТ СВЕТ

27/10/2026
Македонија

НА ЕДЕН ЛЕКАР ПО 691 ЗАТВОРЕНИК, СВЕТСКИОТ СТАНДАРД Е 300!

27/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46398
  • Регион 3998
  • Свет 17
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Излезните анкети во Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата се обидува да му ја преземе власта!

28/10/2026

Израел се соочува со неизвесна политичка ситуација по парламентарните избори, откако излезните анкети покажаа дека ниту еден од двата главни

825 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ШЕСТ ЧАСА Полицијата фати стотици возачи што брзале

27/10/2026

За само шест часа, во акциска контрола на територијата на целата држава, полицијата регистрирала 825 прекршоци за пречекорување на дозволената

НАУТРО ДО МИНУС ДВА, А ПРЕКУ ДЕН ДО 18 СТЕПЕНИ Променливо облачно време со сончеви

27/10/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од северозападен правец нè очекува утре. Најсилни налети на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy