Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На Боки 13 целосно ќе му го отстранат желудникот и ќе настапи траен инвалидитет, вели неговата мајка
Македонија

На Боки 13 целосно ќе му го отстранат желудникот и ќе настапи траен инвалидитет, вели неговата мајка

16/03/2023

AA

„Сум била воздржана, но повеќе самата актуелна состојба со животот и здравјето на Бојан тоа не ми го дозволуваат, бидејќи врз него ќе биде извршена операција тотална гастректомија, односно целосно отстранување на витален орган желудник, со што ќе настапи траен инвалидитет на мојот син Бојан. Од тие причини со целиот мој морален и професионален дигнитет и се обраќам на јавноста преку ова јавно соопштение и немам за цел да предизвикам чувство на сожалување, туку единствено да порачам дека од овој момент преку сите законски инструменти предвидени со домашното и меѓународното законодавство ќе се борам заедно со мојот сопруг преку нашите правни полномошници против злото и неправдата која му е сторена на Бојан и на тој начин директно му е загрозен неговиот живот“, се вели во писмото испратено од семејството Јовановски.

Во писмото уште додаваат:

Животот на мојот син Бојан е донесен до крајна црвена линија и согласно последните медицински наоди и извештаи, операцијата која ќе се изврши е неизбежна и е со висок ризик по неговиот живот, се работи за операција со неизвесен исход после која операција повторувам дека Бојан ќе има траен инвалидитет. Па оттука, заради сето ова сите инволвирани лица кои системски, свесно со сторување и несторување здружено и со намера му го сторија ова неправо на Бојан ќе мораат да понесат кривична одговорност и да бидат најстрого санкционирани. За ова изживување, малтретирање и тортура кон Бојан одговорност мора да има! Како мајка и родител, на ниедна мајка и родител не им го посакувам ова пеколно и злосторничко однесување кон било чие дете, затоа упатувам апел до јавноста, за човечноност и разумност во овие чувствителни моменти од причини што Бојан е мета на најголемиот јавен говор на омраза сите овие години, а никој не понел одговорност за таквиот отворен и директен говор на омраза, каде со најпогрдни зборови, навреди и пцовки се опишувало името на Бојан, а за воља на вистината ниту еднаш досега ниедна организација за борба на човековите права не изнела јасен став, не ги осудиле ваквите појави и не застанале во одбрана на правата на Бојан, ниту барем декларативно, а Бојан е флагрантен пример за повреда на човековите права!
Поради сето погоренаведено, поради организирано и здружено делување и соизвршување од безобѕирна одмазда, користољубие и по нарачка, под сомнение за сторени повеќе кривични дела ќе бидат поднесени кривични пријави за лица  од правосудството, органи на извршната власт и здравствени работници кои заеднички, здружено, свесно и со намера, секое од пријавените лица со одделни и поврзани дејствија на сторување, ги сториле делата за кои ќе биде иницирана кривична постапка од нас, како подносители,  родителите на Бојан Јовановски, Јасминка и Миле Јовановски пред надлежното јавно обвинителство. Пред надлежен јавен обвинител ќе бидат образложени сите наводи и кривичните пријави ќе бидат поткрепени со цврсти докази.
Одговорност за целото нанесено зло и за сите инволвирани лица кои се директно одговорни за оваа ситуација, ќе има, без исклучок!  Нашата борба ќе биде до крај, се до конечна правда, за која правда сум се борела и работела цел работен век во областа на правото, без ниедна морална и професионална дамка со целиот мој изграден морален и професионален интегритет. Во прилог на ова соопштение ви го испраќаме последниот специјалистички извештај со кој Бојан се упатува на оперативен зафат тотална гастректомија, односно целосно отстранување на витален орган желудник.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy