Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НА БЕРЗАТА НАВАЛИЦА ЗА АКЦИИТЕ НА „ГРАНИТ“ – инвеститори вложија 170 илјади евра преку четири блок трансакции
Економија

НА БЕРЗАТА НАВАЛИЦА ЗА АКЦИИТЕ НА „ГРАНИТ“ – инвеститори вложија 170 илјади евра преку четири блок трансакции

19/02/2024

AA

Дефинитивно
македонските компании кои котираат на берзата се интересни за инвеститорите, а
доказ за тоа се се поголемиот број блок трансакции со кои се продаваат акции за
познат купувач. Тоа говори дека инвеститорската јавност е заинтересирана да
вложува во домашните акционерски друштва кои имаат здрав бизнис и солидни
перспективи за натамошниот период.

Минатата недела ја
одбележаа четири блок трансакции со акциите на нашата најголема градежна
компанија „Гранит“.

Во три наврати
преку овие блокови беа истргувани акции за вкупна сума од близу 168 илјади
евра.

Засега нема
информации кој купува, а кој продава акции од оваа градежна компанија, но факт
е дека некој верува дека учеството во нејзината сопственост е исплатлива
инвестиција.

Првата блок
трансакција се случи во втпорникот, кога беа продадени за познат купувач акции
на сума од над 33 илјади евра.

Поточно, се продадоа
1.700 акции по цена од 1.200 денари за акција, или вупна платена цена за овие
акции е 33.170 евра.

Наредниот ден
помина уште еден блок од 2.000 акции по слична цена од 1.190 денари за акција,
или вкупно околу 37 илјади евра.

Петокот, пак,
како последен ден од работната недела, се случија два блока, и тоа во едниот
беа истргувани 1.963 акции по цена од 1.190 денари или безмалку 38 илјади евра,
и уште еден поголем блок со вредност од над 58 илјади евра, односно се
истргуваа 3.000 акции, по цена од 1.190 денари за акција.

Последното
тргување на редовниот пазар на берзата со акциите на „Гранит“ било во
вторникот, односно 13 февруари, кога се продадени солидна количина од 2.500
акции, по цена од 1.200 денари за акција. Или вкупно се истргувале акции за
околу 49 илјади евра.

Според состојбата
на Централниот депозитар за хартии од вредност, на почетокот на минатата
недела, Зоран Милковски кој е и главен извршен директор на компанијата
располагал со 9,67 отсто од капиталот, а Ивана Милковска-Симевска, која
располага со 9,17 проценти од капиталот.

Белградската
компанија Бард коп располага со 5,06 отсто од акциите, додека „Гранит“ има
сопствени акции од 9,81 процент.

„Гранит“ е една
од топ десетте македонски компании според пазарната капитализација. На крајот
на јануари таа изнесувала 58 милиони евра, што значи дека толку пари би морал
да плати некој имнвеститпор доколкју сака во исти момент да ги откупи акциите
на оваа наша градежна компанија.

Акцијата на
„Гранит“ е и една од најтргуваните на Македонската берза, и исто така беше во топ десетте тргувани акции за јануари.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy