Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НА БАЛКАНОТ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ ПОПЛАВИ И ЛИЗГАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО – еве какво време не очекува во следниве денови, вестите не се баш добри
Регион

НА БАЛКАНОТ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ ПОПЛАВИ И ЛИЗГАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО – еве какво време не очекува во следниве денови, вестите не се баш добри

14/05/2023

AA

Од денес, па се до 18 мај, на повеќе места низ регионот постои опасност од појава на поплави и лизгање на земјиштето, како и значително покачување на нивоата на реките. Интензивни врнежи од дожд се очекуваат речиси во сите држави од регионот, и тоа поради влијанието на моќниот циклонски систем и тоа со центар над Средоземјето и над Италија, пишува на страницата Метеоаларм. 

Најголема опасност од појава на поплави и на лизгање на земјиштето постои во Бихаќ (Босна и Херцеговина), Сплит и во Мостар. Локални поројни поплави се можни и на другите места во регионот, а локално се очекува да наврне дури и над 200 л/м2 воден талог.

Локално има услови и за појава на ОЛУЈНО НЕВРЕМЕ.

На следната метеоролошка карта можете да погледнете колкаво количество на воден талог се очекува до 18 мај во регионот:

На граѓаните ги советуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ поради овој моќен циклонски систем. Да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и нашите сограѓани, и тоа доколку патуваат во регионот.

Поинтензивни врнежи се очекуваат и во Македонија до 18 мај, каде локално, и тоа особено во западните предели се очекува да наврне до околу 50 л/м2 воден талог, а можно е и локално НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Температурите ќе бидат без промени, односно остануваат повисоки и тоа поради јужното воздушно струење.

Погледнете го очекуваното количество на наврнат воден талог во Македонија до 18 мај вечерта:

Да напоменеме дека поради изразеното јужно воздушно струење, во следниот период од Сахара, кон Македонија и регионот ќе се врши транспорт на прашина и песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена.

Инаку и метеоролозите од регионот предупредуваат на вакви временски непогоди и поплави.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy