НА АВТОМОБИЛОТ ИМАЛЕ НАТПИС „КОСОВО Е СРБИЈA“: Kосовската полиција уапси три лица кај Високи Дечани
Кај манастирот Високи Дечани се уапсени три лица, затоа што на автомобилот им пишувало „Косово е Србија“.
Тие се задржани во притвор до 48 часа, бидејќи на возилото имале натпис „Косово е Србија“, соопшти регионалната дирекција на косовска полиција во Пеќ.
Портпаролот на косовска полиција за регионот на Пеќ, Фадиљ Гаши изјави дека се работи за автомобил со црногорски регистарски таблички.
Манастирот Високи Дечани денеска ја прослави славата на својот ктитор – Свети Стефан Дечански, а на литургијата присуствуваа неколку илјади верници, јавува Танјуг.