
Најава за хаос во Италија: На Јувентус ќе му ги вратат одземените 15 бода!?
Адвокатите на тимот од Торино по добивањето на целосната документација за случајот имаат адут во процедуралните детали, односно за наоѓање кои документи се „застарени“. Тие тврдат дека процесот против клубот почнал на 21 април, што значи дека обвинителите имале само 60 дена да ја спроведат истрагата. Ова, пак, значи дека сите документи обезбедени по 14 јули не би требало да бидат прифатени.
Евентуалното усвојување на жалбата на Јуве би значело нов потрес на табелата и враќање на „бјанконерите“ во игра за највисок пласман со оглед што би имале 50 бодови со кои би се изедначиле со Интер на делба на второто место во Серија А.