
На анестезиологот од Тетово седум години ќе му биде одземена лиценцата за работа
Привремено ќе му биде одземена лиценцата за работа на анестезиологот кој во живо на Тик Ток снимаше пациенти на Гинекологија, објави portalb.mk.
Од таму велат дека лиценцата е одземена од страна на претседателката на Лекарската комора Калина Гривчева Старделова и е во времетраење од 7 години.
„Согласно прописите, членовите на Судот на честа имаат законски права да преземаат мерки против лекарите кои прават прекршоци“, изјави Гривчева Старделова.
Таа објасни дека за прекршување на етичкиот кодекс максималната казна е добивање лиценца до седум години.
„Казната за трајно одземање на лиценцата ќе се изрече во случаи со судска одлука, каде што ќе се утврди дека имаме смрт поради несоодветен третман“, вели таа.

