Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НА 96 ГОДИНИ ПОЧИНА АРХЕОЛОГОТ КОСТА БАЛАБАНОВ Зад себе остави 32 документарни филмa
Македонија

НА 96 ГОДИНИ ПОЧИНА АРХЕОЛОГОТ КОСТА БАЛАБАНОВ Зад себе остави 32 документарни филмa

06/02/2026

AA

Почина Коста Балабанов, доајен на македонската историја на уметноста и археологија, автор на повеќе од 200 стручни и научни трудови посветени главно на средновековната уметност, филмски и телевизиски сценарист. Долги години беше почесен конзул на Јапонија во Република Македодонија. Имаше 96 години.

Роден е на 5 април 1929 го Штип. Од 1953 работеше во Централниот завод за заштита на споменици од културата, во својство на историчар на уметноста-конзерватор. Во 1955 дипломира историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Како стручњак за средновековната уметност, во 1955 ја објавува својата прва посебна книга посветена на истражувањата на Топличкиот манастир, Демир Хисар.

Со филм почнува да се занимава како автор на сценарија и на текстови за документарни филмови од областа на археологијата и средновековната уметност на територијата на Македонија. Соработувал со „Вардар филм“ и ТВ Скопје (МРТВ) и според неговите текстуални подлоги реализирани се 32 документарни филма (или епизоди), често синхронизирани на странски јазици.

Од 1981 работеше во Републичкиот завод за заштита на спомениците, а во 1994 беше именуван за почесен генерален конзул на Јапонија во Македонија и за директор на Јапонскиот информативен центар во Скопје.

Во 1989 година е пензионира. За своите активности има добиено бројни награди и признанија.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy