
На 23 годишен битолчанец му се запали БМВ-то – оштетено уште едно возило!
На 30.03.2023 во 22.50 часот во СВР Битола пријавено е дека на м.в.Дулије во Битола настанал пожар на патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Т.К.(23) од Битола.
Од пожарот, кој бил изгаснат од страна на територијалната противпожарна единица Битола, било оштетено и патничко возило „фиат пунто“, паркирано во непосредна близина. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

