Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На 14-то издание на Фестивалот на младо вино промовирана новата генерална директорка на „Тиквеш“
Македонија

На 14-то издание на Фестивалот на младо вино промовирана новата генерална директорка на „Тиквеш“

18/11/2023

AA

Како лидер во винската индустрија, Винарската визба „Тиквеш“ продолжува со промоција и градење на винската култура и традиција. Денес започна Фестивалот на младо вино, што традиционално го организира ВВ „Тиквеш“, а годинава се одржува по 14-ти пат.

Фестивалот на младо вино прерасна во престижен настан на кој присуствуваат голем број личности од јавниот живот, претставници на бизнис заедницата, соработници и партнери на „Тиквеш“ од земјата и од странство. Гостите имаат можност да ги дегустираат младите вина од избрани микролокации.

На Фестивалот на младо вино, пред присутните гости, претседателот на Управниот одбор на „Тиквеш“, Светозар Јаневски, ја претстави и новата генерална директорка Бранка Славеска, која ќе ја преземе оваа функција од почетокот на 2024 година.

„Како водечка винарница во регионот ние сме фокусирани на имплементација на иновации и на дигитализација во рамки на процесот на трансформација во зелена винарница и во согласност со нашата стратегија за одржлив развој. Постојано инвестираме во унапредување на сите сегменти од нашето работење, а тукушто имавме можност нашите искуства и знаења да ги споделиме на најголемиот регионален саем Wine vision на Open Balkan. Промените не се едноставни, но се клучни за обезбедување одржлив развој, а за тоа ни требаат вистински лидери. Токму затоа довербата ја даваме на Бранка Славеска, која со своето импресивно меѓународно професионално искуство веруваме дека ќе даде значаен придонес кон исполнување на нашите цели“, истакна Јаневски во рамки на своето обраќање пред гостите во Кавадарци.

Славеска има богата меѓународна кариера со повеќе од 25-годишно работно искуство на менаџерски позициии. Таа работела за „Хајнекен“, извршувајќи менаџерски функции на повеќе различни пазари како Русија, Белорусија, Босна и Херцеговина и Хрватска, а била одговорна и за регионот на Југоисточна Европа. Работела и во „Лаваца“ како директорка за меѓународни пазари, а во „Тиквеш“ доаѓа од позицијата на комерцијална директорка и член на Управниот одбор на „Диагео Италија“. Својата кариера ја започнала во „Пивара Скопје“, а во периодот 2005-2006 година била комерцијална директорка на „Тиквеш“. Таа дипломирала на Машинскиот факултет во Скопје и магистрирала менаџмент и бизнис администрација на Универзитот Шефилд.

Фестивалот на младо вино и годинава има хуманитарен карактер. Гостите имаат можност да донираат за СОС Детско село и за музичкото училиште „Ентерпрајз“ предводено од Валентино Скендеровски. Покрај тоа што уживаа во младите вина, посетителите на фестивалот се забавуваа и со музичките изведби на „Ringtones“, интернационалната група „Barcelona Gipsy Balkan Orchestra“ и со настапите на нашите познати диџеи Гоце и Чваре. На првиот ден од фестивалот настапија и претставници на музичкото училиште „Ентерпрајз“, како најава за поддршката што Винарската визба „Тиквеш“ ќе ја обезбеди за развој на младите музички таленти, кои во иднина ќе ја збогатат домашната музичка сцена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури

20/02/2026
Македонија

Давкова: Доста ни се „пост-фестум“ извинувања, на Македонија ѝ треба

20/02/2026
Македонија

Спречен вооружен напад во Тетово?! Блокиран патот кај кружниот тек

20/02/2026
Македонија

ЧАНТАТА НА СОПРУГАТА НА ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ НЕ Е ХЕРМЕС И

20/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НЕПРАВЕДНО Е БЛОКИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИОТ ПАТ Сиљановска‑Давкова на меѓународната

20/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека

20/02/2026
Македонија

ПРВА ЕКСТРАДИЦИЈА ОД ОАЕ Флорим Лимани пристигна од Дубаи, ќе

20/02/2026
Македонија

Храброста на баба Росанка од Челопек: „Ме гушеше за да

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41733
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури до 20 стапени

20/02/2026

Времето утре (сабота) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од

Давкова: Доста ни се „пост-фестум“ извинувања, на Македонија ѝ треба деблокада сега!

20/02/2026

На отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија во Скопје, претседателката порача дека ЕУ е нецелосна и ранлива без Западен

Спречен вооружен напад во Тетово?! Блокиран патот кај кружниот тек „Мема“

20/02/2026

Вооружен напад е спречен денеска во Тетово, по брзата интервенција на тетовската полиција. Полициските сили веднаш интервенирале на терен и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy