Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НА 1 МАЈ ЌЕ ИМА ПРОТЕСТ: ССМ не се откажува од барањето за минимална плата од 500 евра
Економија

НА 1 МАЈ ЌЕ ИМА ПРОТЕСТ: ССМ не се откажува од барањето за минимална плата од 500 евра

16/04/2025

AA

Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) најави протест за 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

„Сведоци сме дека денеска, за креаторите на политиките е најважно да ги зачуваат нивните енормно покачените плати сега веќе за 79 отсто, а од друга страна, дел од работниците во јавниот сектор не добија усогласување на нивните плати со порастот на просечната плата согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, не го прифатија барањето на ССМ за зголемување на минималната плата за дополнителни 6.000 денари со зголемување и на останатите плати за истата вредност. Денеска, работниците во Македонија се соочуваат со се поголем притисок за нивната егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати. Денес, сите Ние, сите Вие, имаме и имате можност и шанса да покажеме дека тие кои ја водат Државата треба да го слушнат гласот на работниците, имаме можност да го покажеме работничкото незадоволство и заедно да излеземе на голем работнички протест на 1 Мај, на кој ќе ги упатиме пораките, нашите и работничките барања. На 1 Мај, протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом со движење, Собрание – Стопанска комора – Влада. На протестот очекуваме да се придружат сите кои ја поддржуваат работничката борба за достоинствени плати и пристојни услови за работа. ССМ упатува повик до сите, до работниците, заедно да излеземе на работнички протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот и заедно да побараме зголемување на минималната плата на 500 евра, зголемување на останатите плати за 100 евра, зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 12,6 отсто согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор“, се вели во соопштението.

Минималецот се покачи за 1.812 денари. ССМ и претходно организираше протести за да изрази револт поради тоа што минималната плата не се зголеми на 500 евра. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy