НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира тропски ноќи во Македонија

Метеопрогнозерот Славчо Попоски очекува претстојното лето во Македонија да биде значително потопло од просекот, со чести топлотни бранови од Африка поради кои температурата ќе надминува 40 степени.
Попоски прогнозира почеста појава на тропски ноќи кога температурите во текот на ноќта нема да се спуштаат под 20 степени.
Тој објаснува дека овие промени се поради феноменот Ел Нињо кој носи топлина и многу жешки лета во Европа и на Балканот.
Оваа година Попоски очекува и почести суперклеточни бури во Европа и на Балканот, како и во Македонија.
Повеќе на следниот линк
.