
НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА СО ПРОМЕНЛИВИ ТЕМПЕРАТУРИ Поладно за време на викендот

Под влијание на циклонска активност, неделава пред нас ќе имаме многу променливо време со чести локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. На планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег, а кон крајот на седмицава врнежи од дожд и од снег ќе има и во дел од градовите особено во западните и во северните предели од Македонија, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски на својот портал Метеоаларм.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, меѓутоа за време на викендот температурите ќе опаѓаат и тоа поради продор на поладен воздух од север.
Целата прогноза на Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.
.
