Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЗТ со пеколна последна четвртина ја освои Гевгелија за плејоф-полуфинале!
Спорт

МЗТ со пеколна последна четвртина ја освои Гевгелија за плејоф-полуфинале!

03/05/2023

AA

Кошаркарите на МЗТ Скопје се први кои обезбедија пласман во полуфиналето од годинешниот плејоф, откако вечерва, со пеколна игра во последната четвртина, го скршија отпорот на домашниот Кожув (95-79) за конечни 2-0 во серијата.

Гевгеличани одново му покажаа заби на шампионот, а овој пат, за разлика од првиот меч кога беа рамноправни само во првото полувреме, дури во три четвртини беа во игра за да го изненадат пореномираниот противник. Но, на крајот пресуди поголемото искуство на аеродромци, кои прво со осум поени во низа направија резултатски пресврт во финишот од третиот и почетокот на последниот период (71-65) за потоа со серија 16-2 да дојдат до највисоки плус 17 (91-74) како потврда на триумфот.

Војдан Стојановски со 25 поени и Бојан Крстевски со 23 поени и осум скока беа најдобри кај МЗТ Скопје, додека Мајрон Гордон со 21 поен, седум скока и пет асистенции и Горан Главчев со 15 поени беа најдобри кај Кожув.

Противник на актуелниот шампион во полуфиналето ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Гостивар и Работнички (1-0), во кој втората средба се игра утре. Претходно денеска, ТФТ го освои Кавадарци (76-72) и се избори за „мајсторка“ во пресметката со Еуро Никел, а вечерва играат уште Феникс и Пелистер (0-1).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy