
МЗТ рутински ја освои Струмица и пак е најдобар во Првата лига!
Аеродромци играа во „трета брзина“, правилно распределувајќи ја минутажата со цел да не дојде до премор кај клучните играчи. Тоа донесе релативно изедначено прво полувреме (46-39), додека гостите клучната предност ја обезбедија во третиот период, кој го добија со 20-10. Најрасположен за надигрување кај „металците“ беше Кеандре Кук, кој средбата ја заврши со 29 поени и девет скока, додека двоцифрен беше уште и Бојан Крстевски со 14 поени. Стефан Крстајиќ со 15 поени беше најпрецизен кај струмичани.
МЗТ сега има учинок 14-2, односно една победа повеќе во однос на Пелистер. Струмица, пак, останува последна со скор 2-14.
ТАБЕЛА: МЗТ 14-2, Пелистер 13-3, ТФТ 11-5, Феникс 10-6, Еуро Никел 10-6, Гостивар 10-6, Работнички 8-8, Кожув 7-9, Куманово 4-12, Чаир 4-12 (-1), Академија ФМП 3-13, Струмица 2-14.