
МЗ: Технички проблем при снимање со магнетна резонанца, пациентот стабилен
Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден, во Институтот за радиологија се појавил технички проблем за време на снимање со магнетна резонанца на пациент кој бил на кислородна поддршка.
Надлежните веднаш реагирале и ги презеле сите потребни безбедносни мерки, а пациентот е во стабилна и добра здравствена состојба.
Во моментов се работи на отстранување на дефектот на апаратот, додека здравствените услуги за пациентите продолжуваат непречено со користење на другите два магнети.
За да се обезбеди навремено снимање, воведена е и втора смена за работа на магнетна резонанца, се до целосно решавање на техничкиот проблем, соопштија од Министерството за здравство.