
МЗ: 152 пациенти хоспитализирани, 18 во критична состојба
Со длабоко сочувство кон семејствата и блиските на сите засегнати од трагедијата во Кочани, Министерството за здравство изразува солидарност и поддршка во овие тешки моменти.
„Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети се ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените. Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош.
Распределба на хоспитализираните пациенти:
Детска хирургија – 4
Клиника за пластична хирургија – 11
Клиничка болница Штип – 45
Општа болница Кочани – 30
Св. Наум Охридски – 29
8 Септември – 17
КАРИЛ – 16
Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба:
Детска хирургија – 3
КАРИЛ – 7
Градска општа болница – 5
Стара Градска – 3