
МВР за пожарот во куќа во Велгошти: 44-годишна жена тешко повредена!
На 06.02.2026 година во 10.58 часот, во СВР Охрид е пријавено дека избувнал пожар во куќа во охридското село Велгошти при што, Е.Т.Ѓ.(44) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид.
Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.

