Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МВР за бегството на Блерим Рамадани: Куќен притвор на странски државјани на туѓа адреса на живеење е преседан
Магазин

МВР за бегството на Блерим Рамадани: Куќен притвор на странски државјани на туѓа адреса на живеење е преседан

22/08/2024

AA

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со соопштение во врска со информациите во медиумите поврзани со бегството на Блерим Рамадани.

Од МВР известуваат дека на 17.07.2024 година на ГП Јажинце од страна на граничната полиција Рамадани бил приведен и предаден на СВР Тетово, по што е спроведен пред судските органи.

„Напоменуваме дека натамошното постапување на судот не е надлежност на Министерството за внатрешни работи, но со оглед на тежината и сериозноста на делото за кое тој се товари и имајќи во предвид дека станува збор за странски државјанин, судот донесува одлука која државните институции тешко можат да ја спроведат во целост. Имено, мерката куќен притвор на странски државјани на туѓа адреса на живеење е преседан во досегашната практика“, посочуваат од МВР.

Од таму додаваат дека и покрај споменатото, МВР продолжило со преземање на сите оперативно тактички мерки и активности.

„До ОЈО за ГОКК од страна на ОСОСК доставено е известување во кое се наведени и во целост објаснети основите на сомневање за сторени кривични дела од страна на лицето Блерим Рамадани, како и основи на сомневање за сторени кривични дела од страна на службени лица кои донесувале одлуки за екстрадиција на посоченото лице и постапувале по истите.
Врз основа на наведеното од страна на надлежен Јавен обвинител при ОЈО за ГОКК издадени се писмени Наредби и дадени се насоки по кои ОСОСК постапува“, се вели во соопштението на МВР.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy