![МВР: Возачките дозволи и книшки со „Република Македонија“ ќе важат најдоцна до 31 декември!](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/02/1707756386_vozackadozvola-850x560.webp)
МВР: Возачките дозволи и книшки со „Република Македонија“ ќе важат најдоцна до 31 декември!
Министерството за внатрешни работи попладнево ги информира граѓаните дека согласно Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, усвоен на денешната седница на Собранието на Република Северна Македонија, возачките дозволи и возачките книшки со името Република Македонија ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен на возачката дозвола, најдоцна до 31 декември 2024 година.
Пратениците попладнево по скратена постапка ги изгласаа овие измени.