МВР вели нема обид за киднапирање деца во Карбинци: Машко лице само поканило ученичка на кафе
Паника во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Карбинци, јавува телевизијата М-нет која објави и видео од училиштето.
Телевизијата пишува дека денеска имало неуспешен обид за киднапирање на две деца кои биле од македонска и турска националност.
4news.мк испрати прашања до Министерството за внатрешни работи од каде велат дека нема обид за киднапирање односно се работи за младо лице кое поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе.
„Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР за 4news.mk
Спротивни изјави на ова имаат директорката на училиштето Наталија Костова и градоначалникот Виктор Паунов кои велат дека за среќа обидот е спречен.