Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МВР со одлични резултати во заплена на дрога, вели Спасовски
Магазин

МВР со одлични резултати во заплена на дрога, вели Спасовски

21/10/2023

AA

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека МВР, од аспект на заплена на дрога, постигна одлични резултати, едни од најдобрите во последните 30 години. Криминалните групи од Грчец, Арачиново и Чаир, според министерот, се речиси целосно разбиени.

-Во овие први девет месеци од 2023 година имаме некаде околу 576 кривични дела откриено за трговија со дрога. Пријавени се некаде околу 680 сторители и притоа бележиме зголемување на заплените на кокаин, на амфетамин и на екстази. Запленети се 304 килограми марихуана, седум килограми амфетамини, околу 3,2 килограма кокаин, околу 4 000 парчиња екстази, 5 000 таблети трамадол, 3 500 таблети МДМА, а откриена е и една лабораторија за производство на амфетамин. Ова се резултатите кои говорат за зголемување на откривачката функција во трговијата со дрога и покажуваат посветеност во работењето и тоа на највисоко ниво во сузбивањето и борбата против трговијата со дрога,  истакнува Спасовски во интервјуто за „Гласот на Америка“.

Значителни постигнувања, додава, се постигнати и во спречување на организираните облици на трговија со дрога.

-Во овој период се пресечени три меѓународни транспорти на марихуана и се сузбиени 5 криминални групи кои дејствувале меѓународно и национално во делот на недозволената трговија со марихуана и кокаин, во кои членувале 28 македонски државјани и притоа се запленети околу 71 килограм марихуана и 1,5 килограми кокаин, а во рамки на две организирани криминални групи на територија на Албанија и на територија на Грција се запленети 429 килограми кокаин. Станува збор за акции кои се реализираа по информации на службите од МВР, успешно спроведени во заеднички соработка со полициите од Албанија и Грција. Дополнително, на почетокот на јуни, Одделот за криминалистичката полиција во рамки на заедничката меѓународна истрага за борба против дрога, во Солун, Грција и Американската служба за борба против дрога – ДЕА имаа успешно реализирана акција на заплена на 161 килограми кокаин кој што бил транспортиран од Еквадор. Ова е една од акциите кои што ја спомнав, а втората е на 104 килограми кокаин, каде што се лишени од слобода 10 лица, од кои 7 се државјани на Грција и три државјани на Албанија, а четири државјани на Република Северна Македонија. Ова се одлични резултати, едни од најдобрите во последните 30 години од независноста на државата и практично најголемите криминални групи и структури, познатите групи од Грчец, од Арачиново и од Чаир се скоро целосно разбиени и на тој начин дадовме еден сериозен одговор за тоа каква е намерата на државата да се справи со најтешките облици на криминалитет, а тоа е, секако, трговијата со дрога, подвлече Спасовски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy