Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МВР со едукативни работилници во училиштата
Македонија

МВР со едукативни работилници во училиштата

19/10/2023

AA

Во текот на вчерашниот ден (18.10) на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Скопје, Штип, Куманово, Велес и Битола беа реализирани низа превентивни активности. По повод одбележувањето на 18-ти Октомври- Европскиот ден на борбата против трговијата со луѓе, Отсекот за превенција при СВР Скопје организираше пет едукативни работилници во основни училишта на територијата на Скопје, односно во Драчево (ООУ „Климент Охридски“), во селата Кучевиште и Чучер Сандево (во ООУ „Кирил и Методиј“ и ООУ „Александар Урдаревски“), како и во населбите Шуто Оризари (ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“) и Илинден (ООУ „Гоце Делчев“). Активност на истата тема беше спроведена и на подрачјето на СВР Штип, односно од страна на ОВР Свети Николе во светиниколското ООУ “Гоце Делчев“, како и во Куманово на повеќе локации во централното градско подрачје.

На подрачјето на СВР Битола, односно во Битола, Демир Хисар и Крушево едукативни работилници на тема спречување на зависности од дрога беа спроведени со средношколците од средните училишта „Ѓорѓи Наумов“ во Битола, потоа „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар и „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, додека пак на подрачјето на СВР Велес на темата врсничко насилство беше реализирана едукативна работилница со учениците од основното општинско училиште „Блаже Конески“ во Велес.

Покрај ова, вчера, и полициски службеници од РЦ за гранични работи Југ заедно со претставници од подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување – Кавадарци реализираа средби со жителите од населените места Крњево, Чемерско, Горна и Долна Бошава и одморалиштето Михајлово на теми поврзани со превенција и заштита од пронајдени неексплодирани експлозивни средства и заштита од пожари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy