
МВР со детали за пожарот во Лисиче: Две куќи целосно изгорени, едно лице во болница!
На 02.08.2025 околу 01:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“ во скопската населба Лисиче. Од пожарот целосно изгореле две куќи, во сопственост на С.С. (61) и Д.Ѓ. (30), а во делот на кровот била опожарена куќата на С.Г.(57).
Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. С.С. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Увид ќе биде извршен во текот на денешниот ден.