
МВР со детали за пожарот во Кавадарци – опожарени трактор, Голф 4, два велосипеди…
На 24.02.2024 во 21.13 часот во ОВР-Кавадарци било пријавено дека во населбата Глишиќ во Кавадарци настанал пожар во гаража сопственост на М.М.(41) од Кавадарци.
Во пожарот опожарени биле трактор, патничко возило „голф 4“ со кавадаречки регистарски ознаки, два велосипеди и други предмети.
Од пожарот бил оштетен и дел од кровот на соседната куќа, сопственост на З.М.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кавадарци. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

