Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар – Скопје и тројца вработени
Магазин

МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар – Скопје и тројца вработени

17/12/2024

AA

 Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основото јавно обвинителство против поранешен извршен директор на А.Д. Градски трговски центар – Скопје и тројца вработени во Трговски, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– На 17.12.2024 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал до ОЈО Скопје заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 3 во врска со став 1 од КЗ во врска со член 22 „соизвршителство“ од КЗ поднесе кривична пријава против Ѓ.Т. (49) од Скопје, извршен директор на А.Д. Градски трговски центар – Скопје во временскиот период 2017 – 2024 година, Г.И. (48) од Скопје, вработен во А.Д. Градски трговски центар – Скопје, Д.С. (48) во Скопје, вработен во А.Д. Градски трговски центар – Скопје и С.Т. (50) во Скопје, вработен во А.Д. Градски трговски центар – Скопје, соопштуваат од МВР.

Како што стои во соопштението, лицата делото го сториле така што второпријавениот Г.И. во својство на претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, заедно со третопријавениот и четвртопријавениот Д.С. и С.Т., членови на Комисијата за спроведување на јавна набавка, во текот на 2020 година со неизвршување на својата службена должност постапиле спротивно на одредбите на законот за јавни набавки и спровеле постапка за јавна набавка за потребите на А.Д. Градски трговски центар – Скопје во која неосновано ја отфрлиле понудата на економски оператор од Скопје, иако согласно бараните критериуми во тендерската документација не постоеле услови за отфрлање, при што од двајца понудувачи, како единствена понуда за евалуација останала понудата од друг економски оператор од Скопје, која била речиси двојно поскапа. По ова, истите изготвиле извештај за спроведена постапка во кој дале предлог за најповолна понуда да се одбере двојно поскапата понуда.

– Првопријавениот Ѓ.Т. во својство на извршен директор на А.Д. Градски трговски центар – Скопје, ја злоупотребил својата службена положба со неизвршување на својата службена должност така што постапил спротивно на одредбите на законот за јавни набавки и иако бил должен да увиди дека постапката не е спроведена согласно законот за јавни набавки истиот донел одлука за избор на најповолен понудувач и во име на А.Д. Градски трговски центар – Скопје со правното лице од Скопје склучил рамковна спогодба за јавна набавка за стоки и услуги, со вкупна вредност на спогодбата од  31.000.000 денари, без ДДВ и времетраење на спогодбата од една година, по која што рамковна спогодба и склучени договори кон истата на правното лице од Скопје му биле исплатени вкупно 30.999.325 денари, велат од МВР.

Со ваквите инкриминирани дејствија, додаваат, како и со непостапување согласно своите службени овластувања пријавените го сториле делото „злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од КЗ во врска со член 22 „соизвршителство“ од КЗ., со што овозможиле на правното лице од Скопје да се стекне со противправна имотна корист од 30.999.325 денари (околу 500.000 евра).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy