
МВР: Плаќате само административна такса, а не за замена за возачка дозвола или сообраќајна
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно Решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, возачките дозволи и сообраќајните дозволи со името “Република Македонија“ кои се уште се важечки, се заменуваат во редовна постапка со нови со името „Република Северна Македонија“ и притоа на граѓаните не им се наплаќа цената пропишана за тие обрасци, до 31 декември 2024 година.
Но, за истите документи пропишанa е административнa таксa која се наплатува, согласно Законот за административните такси кој се уште нема претрпено измени во тој дел.
МВР ќе предложи измена на законот, се со цел и административната такса да не се наплаќа.