Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МВР отвори предмет за деца кои биле носени на средби со политичари – од Бугарија се јавија со жестоки реакции…
Македонија

МВР отвори предмет за деца кои биле носени на средби со политичари – од Бугарија се јавија со жестоки реакции…

21/07/2023

AA

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера во изјава за медиумите откри дека полицијата отворила предмет за Детското ликовно студио „Кирил и Методиј“, организатор на колонијата „Мал битолски Монмартр“ поради носењето ученици кај бугарски политичари.

Имено, по пишувањето на медиумите дека ова студио врши политичка злоупотреба на деца носејќи ги во Бугарија на средба со бугарски политичари, полицијата по допрен глас доставила известување до Основното јавно обвинителство (ОЈО) за случајот.

„Ниту еден родител, нити Меѓаши или друга огранизација нема доставено кривична пријава. По доставувањето на известувањето веќе имаме предмет. Апелирам и за овој и за друг случај да се достават кривични пријави, да се земат изјави на записник во однос на овие случаји за да можат и институциите да постапуваат. Не треба да ги отвораме предметите само по допрен глас. Доколку има некаква злоупотреба тоа да се пријавува, за да можеме да постапуваме“, вели Спасовски.

На ова реагираа и од соседна Бугарија.

Лидерот на бугарската политичка партија Преродба, Костадин Костадинов побара бугарското Министерство за надворешни работи да го осуди, како што се наведува, тоа што се случува во Битола.

„По налог на министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски, почна судскиот процес против 32 деца на возраст под 14 години, кои од вчера се на распит во Обвинителството. Овие репресии врз децата не се изолирана појава, туку банална практика во последните години. Зачестија особено од минатата година кога беше укинато ветото против членството на РСМ во ЕУ. Тогаш Бугарија ги охрабри сите антибугарски акции“, вели Костадинов.

И поранешната шефица на бугарската дипломатија и актуелна пратеничка, Екатерина Захариева, реагираше и истакна дека „достигнато е ново дно“.

„Владата на Северна Македонија достигна ново најниско ниво: Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и нареди на полицијата да започне предистражна постапка против наставник затоа што носеше деца да сликаат во Бугарија – пред Народниот театар и во Пловдив, а потоа ги посети бугарскиот парламент и претседателството. Не знам дали колегите разбираат како изгледа ова – како да прават очајнички потези да се приклучат на многу познат светски клуб. Не, не се работи за Европската Унија. И за клубот на тоталитарните режими што се намалува.
Всушност, можам само да помислам на наставник кој полицијата го гони за такво дело во Русија, Белорусија и Северна Кореја. И сите мислевме дека ја затворивме оваа темна страница на историјата на Балканот. Патетично, тажно, грдo и апсурдно!“, напиша Захариева.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy