
МВР и УЈП со предупредување: Не отворајте СМС пораки испратени од нас
МВР и Управата за јавни приходи испратија предупредување до граѓаните да не отвораат СМС пораки испратени во нивно име, а во кој има линк за ажурирање на податоци.
Како што велат, ова се лажни пораки, а граѓаните да не ги оставаат своите податоци таму, бидејќи можат да бидат злоупотребени.
Од МВР велат дека станува збор за измама од меѓународни рамки.
Предупредуваме да не ги отворате линковите и датотеките кои се испратени во прилог на е-мејл пораката која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер, велат од МВР.