Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Муртезани на средба со генералната директорка за европски фондови на Шпанија
Македонија

Муртезани на средба со генералната директорка за европски фондови на Шпанија

29/05/2025

AA

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Мадрид оствари средба со генералната директорка за европски фондови при Генералната дирекција за Европски фондови на Кралството Шпанија, Ана Кристина Пења Санчез, на која што се разговараше за предизвиците и можностите во користењето на европските претпристапни фондови и за идните насоки на соработка меѓу двете земји во оваа сфера.

Фокусот на разговорите беше ставен на иднината на ЕУ фондовите за земјите кандидатки за членство во Унијата, во контекст на Планот за раст и Реформската агенда. Муртезани и Пења Санчез разменија мислења за потребата од систематско градење и зајакнување на административните капацитети, со цел поефикасно искористување на достапните европски средства. Разговорите опфатија и теми за креирање на зрели инвестициски проекти, како предуслов за брза и ефикасна апсорпција на средства. Исто така, на средбата се дискутираше и за модалитетите како да се обезбеди долгорочна одржливост на резултатите од ЕУ финансираните програми и проекти.

Министерот Муртезани го презентираше досегашното искуство на Северна Македонија во користењето на средствата од ИПА, нагласувајќи дека, државата презеде сериозни чекори за да ги надмине идентификуваните слабости, особено преку воспоставувањето на подобрена институционална рамка во ИПА 2021-2027. Тој посочи дека, иако имплементацијата е сè уште во рана фаза, наредните две до три години ќе бидат клучни за да се оцени ефикасноста на направените подобрувања.

Во рамките на разговорите беа разгледани и можностите за споделување на знаење и најдобри практики од спроведувањето на ЕУ Инструментот за закрепнување и отпорност (RRF) за земјите членки на ЕУ, со цел да се искосристат искуствата за унапредување на вештините и пристапот на администрацијата во нашата земја во користењето на новите механизми на европска поддршка, како што е Инструментот за реформи и раст за земјите од Западен Балкан.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy