
Мурињо за казната на Јуве: Ова е смешка!
Мурињо смета дека доколку порано знаеле дека Јувентус ќе биде казнет, ќе имале поинаков пристап на некои од натпреварите.
„Ова е смешка, смешка е што казната доаѓа на две кола до крајот“, вели Мурињо.
„За нас и сите други, дури и за Јувентус. Нашиот пристап ќе беше поинаков доколку го знаевме тоа пред натпреварите со Монца и Болоња. Жал ми е за Алегри и неговите фудбалери, ова е нешто што ја менува сезоната“.
„Не сакам повеќе да зборувам за ова. Жал ми е за професионалците како тренерите на екипите бидејќи тие плаќаат за грешките кои ги прават директорите или клубот“.
