
Мурињо влегува во селекторски води и тоа како предводник на Бразил?
Португалецот, наводно, сам се понудил да ги води „кариоките“ по завршувањето на оваа сезона кога му истекува договорот со Рома. Ваквиот развој на настаните е уште поинтересен ако се знае дека пред неколку дена токму Мурињо изјави дека Анчелоти е идеален тренер за Реал и дека не треба да си оди оттаму ако Флорентино Перез го сака на клупата.
Сепак, евентуалниот ангажман на Мурињо во бразилската репрезентација во моментов изгледа тешко возможен бидејќи љубителите на фудбалот во оваа јужноамериканска држава се воодушевени од работата на Фернандо Диниз иако петкратниот светски шампион бележи лоши резултати во квалификациите за Светското првенство.
