
Мурињо откако прослави со дете кое собира топки: Среќа што не гушнав жена или полицаец! (ВИДЕО)
Ел Шарави во 90. минута погоди за 3-1, резултат по кој веќе беше јасно дека Рома ќе го добие мечот. На Мурињо му олесна, па се израдува трчајќи до едно дете кое собира топки и прослави со него.
„Голот го прославив бидејќи тоа значеше крај на мечот… таму имаше дете, за среќа не беше жена или полицаец. Тој беше првиот кој го видов пред мене“, образложи Мурињо.
