
Мурињо не само што останува во Рома – може и да го продолжи договорот!
Мурињо има договор со Рома до јуни 2024 година, но по неуспехот да се пласира со тимот во Лигата на шампионите беше прашање дали ќе остане или ќе си замине.
Состанокот со претседателот на клубот, Дан Фридкин поминал одлично. Мурињо добил поддршка од раководството и ветувања дека ќе му биде овозможен поквалитетен и поширок ростер од оној со кој сега располага.
„Спортиталија“ пишува дека Мурињо и Фридкин дури разговарале и за потпишување на нов договор.
Сепак се верува дека за да стави потпис на подолгорочна соработка, Мурињо прво ќе почека да види како ќе помине летниот преоден рок и дали клубот ќе го исполни ветеното.
Да потсетиме, Рома минатото лето имаше трансфер буџет од само седум милиони евра, кои беа потрошени за ангажман на Зеки Челик, останатите кои пристигнаа на Олимпико дојдоа на позајмици или како слободни играчи.
