Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мурати: Европскиот фронт е победник на претседателските и парламентарните избори!
Македонија

Мурати: Европскиот фронт е победник на претседателските и парламентарните избори!

06/05/2025

AA

Пратеникот Сали Мурати од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, кое е дел од коалицијата „Европски фронт“, изјави дека тие се отворени за соработка со сите политички субјекти во земјата. Според него, случувањата во Коалицијата „Влен“ покажале дека таа нема легитимитет, додавајќи дека „Европскиот фронт“ ги смета за победници на претседателските и парламентарните избори.

-Имаат скоро 80 пратеници, но тие воспоставиле коалиција меѓу мајсторот и чиракот. Така се чини, зошто тие знаат дека самиот Арбен Таравари призна дека 70 проценти од гласачите немаат доверба во нив, дека не се ценети во нивните коалициски редови и Македонија, според мене, со ова ќе оди во поголема политичка криза и ние повикуваме на предвремени избори, па да видиме кој фронт ќе биде тој искрениот, што нашите граѓани и гласачи очекуваат од нас, изјави Мурати, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Собранието. 

Toj посочи дека Европскиот фронт на локалните избори начелно ќе излезе со свои заеднички кандидати на ниво на цела Македонија и со заеднички листи, на кои ќе има и претставници од турската заедница.

– Ние сме принципиелни во своите политички ставови и политичките договори. За нас моралните вредности се многу значајни и за договарање. Можам да кажам како претставник од турската заедница ние сме многу среќни во Европскиот фронт. Гледате која слобода и афирмативни вредности ги застапувам година дена. Верувајте дека можеби сме најдемократски настроена парламентарна група во Собранието и немам никаква причина да преминам. Ние сме среќни со ова. Не сакаме по секоја цена да бидеме во власта. Јас се додека имам слобода да дејствувам како пратеник во Европскиот фронт, ќе бидам во Европскиот фронт. Јас како дел од турската заедница имам почит и внимание и од другите лидери во Европскиот фронт и од пратеничката група, изјави Мурати. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас

08/09/2026
Македонија

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот

08/09/2026
Македонија

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна

08/09/2026
Македонија

Хералдичарот Јоновски: Апсолутно немаме хералдички грб, во 1991 година поради

08/09/2026
Македонија

Георгиевски: Само три-четири дена имавме за подготовка на историската прослава

08/09/2026
Македонија

Како се приватизираше македонската економија? Трпески посочи каде бил проблемот

08/09/2026
Македонија

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ –

08/09/2026
Македонија

Ноќта кога Македонија стана независна: „Не знаевме колку е големо,

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45574
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас низ целиот свет

08/09/2026

„Нека живее и здрава Македонија“ – со оваа порака музичарот Трајко Симоновски од бендот на Тоше Проески го честиташе Денот

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот на заедницата

08/09/2026

Режисерката Тамара Котевска смета дека една од најважните работи за иднината на Македонија е повторно да се изгради чувството на

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна енергија, но треба графички да

08/09/2026

Кога Мирослав Грчев во 1995 година започнал да работи на новото македонско знаме, пред него стоела задача што не била

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy