Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да учествува во техничката влада, но нема да го поддржиме Џафери
Македонија

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да учествува во техничката влада, но нема да го поддржиме Џафери

11/01/2024

AA

Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес конференција истакна дека 2024 година за граѓаните на Македонија е година на промени, година во која ќе се ослободиме од криминалната власт на СДС и ДУИ и година во која ќе се донесат промените кои ги заслужува народот.

„На вечерашната седница на ИК се донесоа 5 клучни одлуки за изборниот процес, дозволете ми да ги прочитам и да ја информирам јавноста за истите:

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да учествува во техничката влада, што би значело именување на лица кои согласно законот за техничка влада треба да бидат на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел очекуваме и ЦК да донесе одлука со која што ќе се овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада.

Причината поради која ИК донесе ваква одлука е затоа што во Македонија никогаш не било полошо. Македонија се наоѓа во тешка ситуација. Од криминал, преку корупција до партизација, нема нерегуларност која не е направена од страна на власта.

Кронизмот во нашето општество е потврден и од нашите меѓународни партнери. СДС и ДУИ кои се промовираат како европски фронт, се на сериозен пат да ја уништат европската перспектива на Македонија. Ковачевски и Ахмети контролираат и вршат влијание и врз судството и врз обвинителството. Институциите се користат како алатки за тендери, а МВР е партнер на криминалот. Со ваква власт Македонија е се подалеку од ЕУ, со институции контролирани од оваа власт нема независност, непристрасност и професионалност.

Дополнително, поради сите овие горенаведени причини ИК на ВМРО-ДПМНЕ зазема став да се воздржи од гласањето на техничката влада, која под водство на Талат Џафери од ДУИ, нема никаков легитимитет, истата е само коалициски договор помеѓу СДС и ДУИ.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа Делегатите за Конвенцијата за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија. Согласно критериумите преку кои се бираат и застапеноста на структурата на партијата, Делегати на Конвенцијата ќе бидат вкупно 475 лица. Исто така, се комплетирани и составите на нашите Општински изборни штабови.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе Одлука за формирање на Комисија за преговори со актуелните коалициски партнери, но и сите останати политички партии кои ќе пристапуваат и ќе бидат дел од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Со оглед на акутната криза која се однесува на издавањето на пасошите, каде се гледа и актуелната неспособност на власта, ИК донесе одлука за поднесување на иницијатива до Уставниот суд која е поврзана со законите поврзани со промената на личните документи. Оваа состојба е голем срам за државата, за Спасовски и Ковачевски кои директно се виновни за фактот што под примитивни услови и на ваков недостоинствен начин се обезбедуваат личните документи.

Со овие одлуки ВМРО-ДПМНЕ е комплетно подготвена за изборниот процес кој следува. Идејата за промени ќе биде водилката која што ќе не движи напред, граѓаните потврдуваат дека никогаш не било полошо. Затоа е потребно да се победи власта на СДС и ДУИ, и на Македонија да и се обезбеди просперитетна иднина!“, вели Муцунски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy