Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Муцунски и Саар разговараа за продлабочување на билатералните односи помеѓу Македонија и Израел
Македонија

Муцунски и Саар разговараа за продлабочување на билатералните односи помеѓу Македонија и Израел

27/01/2025

AA

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес оствари телефонски разговор со својот израелски колега, министерот за надворешни работи на Државата Израел, Гидеон Саар. Разговорот се фокусираше на актуелните регионални и глобални состојби, како и на потенцијалот за продлабочување на билатералните односи меѓу Македонија и Израел.

Министерот Муцунски му честита на г-дин Саар за неговиот избор за министер за надворешни работи на Израел и изрази желба за успешна и плодна соработка. Тој истакна дека Израел се наоѓа во предизвикувачки период, додека министрите се согласија дека меѓусебната комуникација и соработка ќе бидат од клучно значење за продлабочување на односите меѓу двете земји.

Тимчо Муцунски го поздрави неодамнешниот договор за ослободување на заложниците и прекинот на огнот во Газа, што го смета за важен хуманитарен чекор напред. Овој договор, според Муцунски, претставува можност за воспоставување долгорочен мир во регионот.

Министерите исто така разговараа за можностите за зголемување на економската, технолошката и научната соработка помеѓу Македонија и Израел. Потенциран беше интересот за размена на искуства и знаења во области како што се образование, здравство, земјоделство, стартап екосистеми, технологија, туризам и култура.

Министерот Муцунски го информираше својот израелски колега за одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, нагласувајќи ја важноста на почитта кон еврејската заедница и нејзиното наследство во нашата земја.

На крајот од разговорот, двата министри се согласија да продолжат со блиска и конструктивна комуникација и соработка во интерес на двете земји.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy