Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Муцунски: Граѓаните немаат доверба во правосудството
Македонија

Муцунски: Граѓаните немаат доверба во правосудството

30/06/2023

AA

Сведоци сме во последниот период за низа скандали, дел објавени од медиумите, дел од нас како политичка партија. Видовме како внук на лидерот на владејачка партија купи деловен објект од 30 милиони евра, но тоа за институциите не е корупција. Видовме членови на владата како на свои брачни другари им продаваат државен имот, но тоа за правосудниот систем не е корупција, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за „Тема на денот„ во дневникот на Сител.

Муцунски потсети дека покрај сите скандали видовме и скандалозен тендер за надзор за коридор 8 каде компанија која претходно произведувала долен веш, го доби тој тендер и гледаме како за институциите тоа не е корупција, и затоа на овој правосуден систем никој не му верува.

Во однос на денешното апсење за поранешниот градоначалник на Центар, Владимир ТОдоровиќ Муцунски истакна дека истиот е за политички интерес и дефокус од суштината во моментот дека корупција имаме во секое поле, низа скандали, како и истиот потекнува од СЈО чиј прв човек сега е во затвор.

– Првиот суштински проблем е фактот дека првата предистрага или истрага за овој предмет потекнува од СЈО, токму и обвинителот кој денес го видовме бил помошник, а сите знаеме во моментов каде се наоѓа госпоѓата која го предводеше тоа обвинителство и ги преземаше сите обврски од името на тоа обвинителство, Катица Јанева се наоѓа во затвор осудена за корупција. Од таа гледна точка одговорно тврдам дека секој предмет преземен од тоа обвинителство е политизиран и предмет на тоа кои се вистинските намери кои произлегуваат од истиот. Мое лично убедување е дека се работи за дефокус, обид за одземање на внимание од јавноста од тоа што во моментот се случува. Се прави дефокус о фактот што никој не зборува во институциите за купувањето деловен центар од 30 милиони евра од 24 годишно момче, дефокус од скандалозниот надзор за коридор 8, од низата скандал, членови на владата н свои партнери продаваат државно земјиште на седница на влада, рече Муцунски.

Муцунски истакна дека низата скандали од кои голем дел се поврзани со ДУИ, за ниту еден од нив нема истрага, процедура, гледаме како истрагите по брза постапка се затвораат тоа го потврдува тоа што ВМРО-ДПМНЕ го говори дека во моментов правосудниот систем со луѓето кои раководат се политизирани и директно влијание на ДУИ, а второстепено и на СДС.

– Мора да ставиме крај на овој процес, анкетите кажуваат дека граѓаните немаат никаква доверба во правосудството, но гледаме и изјави на претставници на меѓународната заедница, претставници на држави како јасно ни кажуваат дека има вистинска загриженост и по конкретни примери, за состојбите и немањето капацитет за коренити реформи, изјави Муцунски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
Македонија

ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ НАПУШТИ ЗА 3

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45756
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната соработка и добрососедските односи

23/09/2026

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во Њујорк, каде заедно со делегацијата што ја предводи присуствува на Генералното собрание на ОН

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ ОДГЛЕДУВАЧИТЕ НА МАРИХУАНА Тошковски изнесе

23/09/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска им се заблагодари на полициските службеници од Струмица за успешната акција во која

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е обдукција

23/09/2026

Германска туристка на возраст од 70 години во вторникот вечерта е пронајдена почината во хотел на кејот во Охрид, соопшти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy