
Муамер Сефери од ВЛЕН е новиот в.д. директор на ЈП „Паркови и зеленило“
Муамер Сефери официјално ја презеде функцијата вршител на должноста директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Тој доаѓа на оваа позиција како кадар на Коалицијата ВЛЕН, поточно од Движењето БЕСА.
Информацијата ја потврди самиот Сефери преку објава на социјалните мрежи, нагласувајќи дека оваа позиција за него претставува „голема доверба и сериозна обврска“.
Во своето прво обраќање, новиот директор најави дека ќе работи во интерес на јавното добро.
Сефери упати посебна благодарност до лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами, како и до лидерите на коалицијата ВЛЕН, за укажаната доверба. Тој им се заблагодари и на активистите за поддршката.

