
Му влегле дома, а потоа со остар предмет го нападнале и му земале пари
На 30.03.2023 околу 02,30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дом на подрачје на Чаир две лица, од кои едното употребило остар предмет, го нападнале А.К.(34) , при што му одзеле и пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.