
Му ветил автомобил од Швајцарија, па исчезнал: Виничанец измамен за 4.400 евра
На 26.12.2025 во 10:15 часoт во ОВР Виница, 58-годишен маж од Виница пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 4.400 евра.
Според пријавеното, тој во текот на октомври 2025 година на лицето Г.З., кој се претставил дека е од Чаир – Скопје, во три наврати му ја дал сумата, а за возврат тој требал да му увезе возило од Швајцарија.
Како што е пријавено, откако не го добил возилото, сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

