
Му соопштиле дека треба да издржува затворска казна – се самоповредил и завршил во болница во Прилеп
На 17.09.2025 околу 13:.00 часот во ОВР Прилеп е задржан И.М.(62) од Прилеп.
Имено, тој се јавил во ОВР Прилеп по судска наредба и откако му било соопштено дека ќе биде задржан и спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Битола за издржување на затворска казна, тој почнал агресивно да се однесува и да се самоповредува.
Лицето е предадено во болницата во Прилеп, од каде по препорака на лекар е спроведен во здравствена установа во Демир Хисар.