
МУ ДИЈАГНОЦИЦИРАЛЕ РАК, НО МУ ИЗВАДИЛЕ ЗДРАВ ЖЕЛУДНИК: Скандалозна грешка на Онкологија во Словенија
Од погрешна
дијагноза до признавање грешка, еве како се одвивале настаните на Институтот за
онкологија во Љубљана.
Во Барсос
примероците се земени од пациентите на 4. октомври минатата година, а нивната
грешка официјално беше признаена дури на 1 февруари.
На 4 октомври
2023 година, била извршена гастроскопија на двајца пациенти во Медицинскиот
центар Барсос. Од двајцата се земени и мостри за хистопатолошки преглед, кои се
испратени во Институтот за патологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот
во Љубљана. Таму во едниот примерок е откриено присуство на канцерогени клетки,
а во другиот не. На пациентот, на која врз основа на резултатите му бил
дијагностициран рак, бил упатена на онколошкиот институт во Барсос на
понатамошно лекување.
На 27.11.2023
година, на (погрешен) пациент му е изваден желудникот на онколошкиот институт,
а отстранетото ткиво е испратено на дополнителна анализа. Но, анализата покажала
присуство на канцерогени клетки.
На 5 јануари оваа
информација им била соопштена на одговорните во Барсос, по што веднаш биле известени
двата пациенти за резултатите и започнала истрага.
На 10 јануари,
односно пет дена подоцна, беше поднесено барање до Институтот за патологија на
Медицинскиот факултет на Универзитетот во Љубљана за повторна анализа на
првично земените примероци.
На 1 февруари, во
Барсос биле добиени нови резултати, кои покажаа дека станува збор за замена на
резултатите. За грешката биле информирани и двајцата пациенти.
На 15 февруари, Медицинскиот
центар Барсос го известил Министерството за здравство за грешката и побара
надзор од Управата за контрола, квалитет и инвестиции во здравството.
