Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Му благодарам за сè на Петар Милошевски, горд сум што го достигнав!“
Спорт

„Му благодарам за сè на Петар Милошевски, горд сум што го достигнав!“

23/03/2023

AA

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, на денешниот меч со Малта оствари еден голем бележник во својата кариера. Не се толку важни 60-те одиграни натпревари, туку фактот што се изедначи со голманот кој досега имаше најмногу настапи за самостојна Македонија – Петар Милошевски.

Пред да каже што било за победата над Малта (2-1), Димитриевски му го посвети овој меч на покојниот Милошевски и му се заблагодари за сè што сторил за македонскиот фудбал.

„Пред сè сакам да се заблагодарам на Петар Милошевски, една легенда во која сум се огледувал, сум се борел да го достигнам. Денеска беше мојот 60. натпревар, исто колку него и затоа фала му за сè, за фудбалот во Македонија, за сè што направил. Горд сум што го постигнав ова, мислам дека тој беше еден од најдобрите голмани во Македонија и дај боже да дојде некој после 10 или 15 години и да ме достигне и мене. Тоа ќе значи дека голманската позиција е одлична за македонската репрезентација“, рече Димитриевски, кој од следниот меч ќе го прземе приматот по број на мечеви.

Победава сигурно ќе му беше послатка ако не примеше гол, но се случи топката несреќно да се стркала во мрежата и Македонија да има неизвесен финиш. Сепак, вели Димитриевски најважна е победата, по сите оние лоши резултати и порази од 2022 година.

„На денешниот натпревар ние излеговме да победиме и тога го остваривме и тоа беше најважно за нас. Нормално, денес нема лесни натпревари, но ние ја достигнавме целта. Притисок немавме. Тие лоши резултати што ги имавме, што губивме, дека не бевме доволно концентрирани.  подготвени или не знам што, тоа се само изреки, ние загубивме. Меѓутоа тоа не беше никаков проблем или тешкотија за нас да постигнеме победа денеска. Денеска почнаа нови квалификации, ние излеговме на терен да победиме, така ќе биде и на следните натпревар“, додаде голманот.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy