
„Му ја гризна ногата, имаше многу крв“: Ајкула нападна тинејџер додека сурфаше!
Во Австралија ајкула нападна тинејџер додека сурфаше
Трагичниот инцидент се случи во четвртокот, на 28 декември, во близина на брегот на националниот парк Инс во Јужна Австралија. Петнаесетгодишниот Каи Каули бил во океанот во близина на една од плажите во паркот кога го нападнала голема бела ајкула, позната и како ајкула што јаде човек.
„Таа му ја одгриза ногата. Еден локален човек зграпчи даска и исплива да помогне. Ајкулата кружела наоколу додека го влечела момчето на брегот. Имаше многу крв“, изјави очевидецот.
До моментот кога младиот сурфер беше извлечен на брегот, рече тој, „беше предоцна“. Службите за итна помош пристигнале и се обиделе да ја реанимираат жртвата, но безуспешно. Нападот се случил пред очите на таткото на Каули, со кој патувале низ земјата.