Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МТЕЛ ПРЕГОВАРА ЗА КУПУВАЊЕ НА ЛАЈКАМОБАЈЛ – фирмата ќерка на српски Телеком сака да го шири деловното работење на македонскиот пазар
Економија

МТЕЛ ПРЕГОВАРА ЗА КУПУВАЊЕ НА ЛАЈКАМОБАЈЛ – фирмата ќерка на српски Телеком сака да го шири деловното работење на македонскиот пазар

20/06/2024

AA

Повторно интерес за сопственички промени во светот на телекомуникациските
оператори.

Телекомуникацискиот оператор „Мтел“ кој работи во Македонија, а е во
сопственост на српски Телеком, односно е членка на Телеком Србија групацијата,
сака да го купи телекомуникацискиот оператор Лајка.

Во тек се преговори за аквизиција на таа компанија.

Инаку, вакво известување стигнало до Комисијата за заштита на
конкуренцијата, која неодамна ваквите намери ги објави на својата веб страница.

Оттаму пишуваат дека на крајот на минатиот месец до
Комисијата за заштита на конкуренцијата е доствено известување за концентрација
со која Друштвото за трговија и услуги МТЕЛ ДООЕЛ Скопје, ќе стекне поединечна
контрола над Друштвото за телекомуникации Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје.

Од самата комисија навеле дека МТЕЛ е нотифициран
телекомуникациски оператор од страна на Агецијата за електронски комуникации во
земјава, регистрирано за дејност жичени
телекомуникации, односно за давање сателитски услуги и реемитирање телевизиски
програми и сервиси. Друштвото за телекомуникации Лајкамобајл, пак, е нотифициран телекомуникациски оператор
од страна на АЕК, кое
работи на пазарот за обезбедување на мобилни електронски комуникациски услуги.

Од КЗК нагласуваат дека МТЕЛ нема поврзани правни лица на
територија на земјава, како и дека
истото важи и за Лајкамобајл.

„Подносителот
на известувањето смета дека како релевантни пазар за оценка на предметната
концентрација би можел да се дефинира малопродажен пазар за давање услуги на
мобилна телефонија на територијата на Република Северна Македонија. Врз основа
на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација
може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак
конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува
заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа
концентрација до Комисијата“, се
вели во објавата од Комисијата.

Фактор за ова побара став и во МТЕЛ, од каде потврдија дека течат преговори
со Лајкамобајл за нивно купување.

„Согласно
нашата деловна определба да обезбедиме подобри услуги за нашите корисници и
нашата политика и стратегија за ширење на деловното работење, во оваа фаза можеме да потврдиме дека течат
преговори за нова аквизиција на МТЕЛ на македонскиот пазар. Но,
како што е пракса при ваквите стратешки инвестиции и согласно законските норми,
за комплетирање на целата постапка на преземање неопходно е да се изјаснат и
надлежните регулаторни институции во државата. Во интерес на
успешно завршување на оваа аквизиција би сакале да ги почекаме нивните конечни
одлуки, по што би можеле изнесеме повеќе информации во јавноста и медиумите“, се вели во одговорот кој Фактор го доби од МТЕЛ.

Инаку, како што пишуваше Фактор на крајот на јануари годинава, МТЕЛ тогаш сеуште беше во преговори и за купување на Неотел, а тоа тогаш го потврдија и од самата компанија. Тогаш за Фактор од МТЕЛ потенцираа
дека преговорите
со Неотел не само што не се пропаднати, туку се уште течат, при што од српската
телекомуникациска компанија очекуваат дека тие ќе завршат успешно.  

„Преговорите
кои ги водиме со компанијата ‘Неотел’ не се пропаднати. Во рамки на нашата
стратегија за понатамошно ширење во Северна Македонија, очекуваме дека
преговорите со Неотел ќе бидат завршени успешно. Во моментот кога ќе имаме
конкретни резултати од овие преговори благовремено ќе ја известиме јавноста“,
изјавија во својот одговор до Фактор од компанијата МТЕЛ.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ ДУВА ЈУГОИСТОЧЕН ВЕТЕР Дождот ќе преминува во снег на

09/02/2026
Македонија

УСТАВОТ НЕ СЕ ТОЛКУВА ПО ЛИЧНА ПРОЦЕНКА ИЛИ ВПЕЧАТОК Филков

09/02/2026
Македонија

ПРАВО Е НА СИНДИКАТИТЕ ДА ПРОТЕСТИРААТ Владата веќе склучи историски

09/02/2026
Македонија

„Го слушаме гласот на членството“: Мицкоски најави големи кадровски промени

09/02/2026
Македонија

МАЈКА ТЕРЕЗА СТАНУВА ЗАШТИТНИЧКА НА КАЛКУТА: Архиепископијата ѝ оддава чест

09/02/2026
Македонија

„Стоматологот да не толкува право“: Филков му врати на Сали

09/02/2026
Македонија

АРБЕН ЗИБЕРИ СО ИЗЕТ МЕЏИТИ Внукот на Насер Зибери од

09/02/2026
Македонија

ТРАНСФЕР НА ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК НА ДУИ: Арбен Зибери премина во

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41259
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ ДУВА ЈУГОИСТОЧЕН ВЕТЕР Дождот ќе преминува во снег на планините

09/02/2026

Времето во вторник, 10 февруари, ќе биде променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од

УСТАВОТ НЕ СЕ ТОЛКУВА ПО ЛИЧНА ПРОЦЕНКА ИЛИ ВПЕЧАТОК Филков му одговори на Сали за

09/02/2026

Уставот мора да се почитува и не смее да биде предмет на дневнополитички интерпретации, а државата не функционира по принцип

ПРАВО Е НА СИНДИКАТИТЕ ДА ПРОТЕСТИРААТ Владата веќе склучи историски договор за платите, вели Ристески

09/02/2026

Петар Ристески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ беше дел од дебатата во емисијата ,,Само вистини“ на телевизија Канал 5, каде се осврна

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy