Мрачна прогноза на ММФ за економијата на Британија
Според прогнозата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), економијата на Велика Британија ќе се намали повеќе од конкурентите.
Таа ќе биде поранлива од економиите во другите развиени земји, затоа што високите трошоци за живот се товар за домаќинствата. ММФ објави дека бруто домашниот производ на Велика Британија ќе падне за 0,6 отсто во 2023 година, наместо да се зголеми за 0,3 отсто според претходните анализи.
Земјата се соочува со висока инфлација поради високите цени на енергијата.
Економската активност во Европската унија стагнираше во четвртиот квартал од 2022 година, објави Евростат.
foto freepik.com/inguskruklitis