Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Можно е намалување на цената на струјата – Ковачевски: Произведуваме 20% повеќе струја од лани
Македонија

Можно е намалување на цената на струјата – Ковачевски: Произведуваме 20% повеќе струја од лани

31/01/2023

AA

Клучен дел во справувањето со кризата беше зголемувањето на производството на државните електрани со што се постигна намалување на цената во првите два блока што ги опфаќа најголемиот број од домаќинствата, истакна во своето обраќање премиерот Ковачевски. Според него и во иднина не би требало да се очекува зголемување на цената на струјата.

„Во наредниот период јас претпоставувам и работиме на тоа да нема зголемување, дури може да има во одредени сегменти и намалување. Основната претпоставка за тоа е зголемено производство на електрична енергија. Минатата година ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20 проценти во однос на претходната година. За оваа година планот е повторно зголемување на производството на електрична енергија. И тоа дава основа да може да правиме пресметки врз основа на кои што нема да има зголемување на електрична енергија.“, рече Димитар Ковачевски.

Во однос на снабдувањето со гас говореше министерот за економија Крешник Бектеши кој рече дека покрај постојните веќе има нова компанија Нома Гас која ќе се занимава со природен гас. Тој посочи дека сите компании во склоп на ТИРЗ-овите се снабдуваат со гас кој доаѓа од Турција и Грција, а воедно истакна и дека зголемувањето на капацитетите ќе се случат со проектот Александрополис.

„Природниот гас кој моментално се увезува е од ЛНЏ терминалите од Турција и еден дел од Грција што значи дека имаме различни извори од тоа што сме имале претходно и не сме зависни само од еден извор кој претходно беше ГАСПРОМ. Кон втората половина на февруари ќе се објави и повикот за градба на новиот интерконектор меѓу Република Северна Македонија и Грција, што дополнително ќе ги зголеми и капацитетите на нашата држава а секако дека и целосно ќе се диверзифицира снабдувањето со природниот гас.“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

На панелот говореше и првиот човек на ЕСМ Васко Ковачевски кој истакна дека во компанијата сега се водат 12 проекти за инвестиции во нови енергетски капацитети кои што заедно би давале 1.760 мегавати инсталирана моќ што е повеќе од моменталните 1.420 мегавати.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy