Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 MОЖНО Е ДА ИМА НЕДОСТИГ ВО СВЕТОТ: Ова се пет важни намирници
Економија

MОЖНО Е ДА ИМА НЕДОСТИГ ВО СВЕТОТ: Ова се пет важни намирници

06/02/2024

AA

На пет намирници им се заканува недостиг во светот. 

Недостиг на ориз може да има во втората половина на оваа година. Светските резерви на ориз се уништени од руската инвазија на Украина, но и од екстремните временски услови во земјите кои произведуваат големи количини од оваа храна, како Кина и Пакистан.

Можно е некои други фактори да влијаат на понудата на ориз. Повторно се појави феноменот Ел Нињо кој предизвикува атипично затоплување на површината на водата во источниот дел на Пацификот, предизвикувајќи уште поекстремни временски услови во многу земји.

Проблемот со тестенините во Италија стана толку лош лани што владата мораше да се состане на кризни разговори во мај за да ја запре натамошната ескалација. За време на тие итни разговори, официјалните лица открија дека проблемот е предизвикан од зголемените цени на состојките како житото, но и повисоките трошоци за пакување и логистика.

Целокупното зголемување на цените го почувствуваа потрошувачите ширум земјата, при што некои делови од Италија известија дека цената на тестенините се зголемила за повеќе од 50 проценти.

Какаото е толку многу барано што во еден момент цените на чоколадите во Њујорк беа највисоки во последните 12 години, а на некои места дури и ги надминаа тие нивоа, како на пример во Лондон.

Одгледувањето на какаото зависи од вештачките ѓубрива, што значи дека проблемот со снабдувањето со оваа храна е предизвикан од руската инвазија на Украина, што предизвика пад на извозот на ѓубрива.

Климатските промени ја влошија ситуацијата: минатогодишните суши влијаеја на жетвата, а дополнителна закана е Ел Нињо. Овој феномен предизвикува суво време низ Западна Африка, вклучувајќи ги областите на Гана, Камерун, Нигерија и Брегот на Слоновата Коска. Дури 75 отсто од светското производство на какао доаѓа од тие држави, пишува магазинот „Тајм“.

Поради лошите услови во Индија, намален е извозот на шеќер од Индија. 

Рибарите во Калифорнија и Алјаска забележаа значителен пад на популацијата на лосос во текот на изминатата година, особено кај кралот лосос, еден од најголемите и најздравите видови лосос.

Цената на брашното веќе е зголемена за 8,5 отсто во однос на минатата година, покажува индексот на потрошувачки цени во САД, а аналитичарите предвидуваат дека Американците и следната година ќе ги трпат последиците од недостигот на брашно. Ова може да создаде дополнителни проблеми со недостиг на други видови храна, вклучувајќи леб, палачинки, тесто за пица, бисквити и пекарски производи.

foto freepik.com/EugenePetrunin

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42379
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без дозвола

11/04/2026

Дванаесет возачи се приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, при што најголемиот дел од нив биле зад волан

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026

На 11.04.2026 во 02:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Б.(55) од Штип, постапувајќи

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари,

11/04/2026

Дизелот ќе поевтини за 2,5 денари за литар, а бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, најави денеска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy