Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МОЖЕБИ УСПЕАЈА ДА ЈА СПРЕЧАТ ПРОДАЖБАТА НА СТОПАНСКА БИТОЛА, АМА НЕ УСПЕАЈА СО ПРОФИТОТ – како „Пелистерка“ со приходи од 5,5 милиони евра „падна“ на добивка од 200 илјади
Економија

МОЖЕБИ УСПЕАЈА ДА ЈА СПРЕЧАТ ПРОДАЖБАТА НА СТОПАНСКА БИТОЛА, АМА НЕ УСПЕАЈА СО ПРОФИТОТ – како „Пелистерка“ со приходи од 5,5 милиони евра „падна“ на добивка од 200 илјади

04/11/2024

AA

Можеби како доминантен
акционер им успеа да ја спречат продажбата на Стопанска банка Битола на
Комерцијална банка, ама очигледно не им успеа да си го подобрат работењето во
својот двор, па наместо да ја зголемат, ја намалија својата добивка 
за првите девет
месеци од годината, и тоа за цели 59 проценти.

Точно, станува збор за
„Пелистерка“, компанијата која се занимава со производство на освежителни пијалоци, минерална вода, но и друга флаширана вода.

Имено, како што е познато, таа компанија со околу 17 проценти
е најголемиот акционер на Стопанска банка Битола, а заедно со поврзната
компанија „Тимох“ контролира над 21 отсто од банката, и тие беа
главните акционери околу кои се собра групата кои не гласаа за продажба на
банката на Комерцијална. Како и да е, банката си продолжи по својот пат, а прикажа
и позитивно финансиско работење за првите девет месеци од годинава, односно одлична добивка од 694 илјади евра, наспроти многу поголемата загуба во истиот период
од минатата година.

Но, анализата во овој текст е посветена на главниот
акционер на Стопанска банка Битола, а тоа е „Пелистерка“.

Имено „Пелистерка“ во првите девет месеци од
годинава има остварено чиста добивка од само 198 илјади евра, или нецели 200
илјади, што е голем своевиден „неуспех“ ако се има предвид дека лани нето
профитот бил на ниво од 485 илјади евра. Или, намалувањето е за цели 59
проценти.

А, оваа слаба добивка е остварена во услови кога
приходите од продажбата биле доста солидни и изнесувале дури 5,42 милиони евра.
Тоа е пораст за два отсто во однос на истиот период лани.

Притоа треба да се истакне дека 4,38 милиони евра
се приливи остварени од продажбата на соковите и водата на домашниот пазар, и
тука има благо намалување за пет проценти, додека пак, причина за радост може
да биде освојувањето на нов простор на странските пазари, со продажби кои таму
достигнале 1,04 милиони евра, што е зголемување за дури 50 отсто во однос
на истиот период од минатата година.

Оперативните расходи пораснале со поголем процент
од приходите, односно за дури 18 отсто, а изнесувале 4,7 милиони евра.

Најголем дел се трошоци за суровини и други
материјали и тоа 3,06 милиони евра, и кај нив има наголем пораст за 36 проценти.

За плати и надоместоци на вработените се исплатени
606 илјади евра, и тоа е зголемување за 10 проценти.

Ова довело до тоа оперативната добивка на
компанијата да биде 630 илјади евра, што е намалување за 42 отсто во однос на
истиот период лани.

Компанијата немала финансиски приходи, но затоа
имала финансиски расходи од 410 илјади евра, што по нивната и пресметаката на
корпоративниот данок, доведува до чист профит од 198 илјади евра. Или тоа е
намалување за 59 проценти.

Најголем сопстгвеник на „Пелистерка“ е ЦИП Продукт
на Цветан Панделески, со 89,55 отсто од капиталот.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy